УЈП потврди дека на „Водостопанство“ му е блокирана сметката
Управата за јавни приходи на денешниот брифинг со медиумите потврди дека на акционерското друштво во државна сопственост за одржување на системите за наводнување „Водостопанство“ има блокирана сметка поради неисплатени плати.
Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ, денеска реагираше дека повеќе од 500 вработени во АД Водостопанство се оставени без плата и здравствено осигурување, а сметката на истото е блокирана од УЈП поради долг од 58 милиони денар. Додека претприето е во ваква ситуација, директорот Локман Лимани испратил 12 вработени на четири дневна екскурзија во Грција.
Од УЈП рекоа дека „Водостопанство“ должи 70 милиони денари и дека се бара соодветно решение како да се одблокира сметката.
„Само за информација, во септември месец, МЗШВ додели финансиска помош од 200 милиони денари за исплата на 3 задоцнети плата на вработените. Ова претпријатие е загубар, а вработените го трпат неработењето и неспособноста на владеењето на Лимани и Николовски“, истакна Трипуновски, кој побара итно разрешување на директорот Лимани.
Работењето на „Водостопанство“ во изминатите години отвара големи сомнежи. Државниот ревизор за 2021 констатираше загуба, иако од централниот буџет пристигнала финсиска помош од 2 милиони евра.
