Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП побара да се отворат стечајни постапки за 40 фирми од холдингот на ЕМО Охрид

УЈП побара да се отворат стечајни постапки за 40 фирми од холдингот на ЕМО Охрид
Да се отворат стечајни постапки за 40 фирми од холдингот на ЕМО Охрид, поранешен гигант и производител на електроопрема и станици денеска побара Управата за јавни приходи, соопшти менаџментот на ЕМО. Надлежниот суд го прифатил предлогот на УЈП, а за некои од друштвата веќе се донесени и одлуки за затворање на стечајните постапки зашто се утврдило дека нема имот што ќе биде предмет на стечајна постапка. Во информацијата проследена до Македонската берза за хартии од вредност, на која котира акцијата на холдингот ЕМО, е наведено дека само 4 друштва од холдингот вклучително и матичното друштво АД ЕМО ќе продолжат да работат, објави „МКД“. Од менаџментот уверуваат дека со оваа мерка на УЈП се помага да се консолидира компанијата заради тоа што сега ќе се создадат услови успешно да работат преостанатите 4 друштва. ЕМО е повеќе годишен загубар, во лоша финансиска состојба. Компанијата е во доминантна државна сопственост откако Владата одлучи да конвертира државен долг во влог и со тоа да го преземе управувањето со АД ЕМО,  
Слично

Поврзани вести