УЈП организира обуки за сметководители
Управата за јавни приходи месецов организира обуки за сметководители во градовите низ Македонија.
Обуките ќе се одржуваат од 2 до 17 март и ќе бидат опфатени Берово, Гевгелија, Скопје, Битола, Прилеп, Свети Николе, Струга, Куманово, Виница, Струмица, Босилово, Крива Паланка, Радовиш, Ново Село, Штип, Делчево, Пробиштип, Кратово, Кочани, Охрид, Демир Хисар, Ресен, Крушево, Велес и Гостивар.
Обуките се без финансиски надоместок, а учесниците треба два дена претходно да се најават кај одговорниот за обуките во Даночното одделение во нивниот град.
Еднодневната обука е за теми од актуелни настани кои се значајни за сметководителите и за УЈП, а се од аспект на даночното работење.
Сметководителите ќе се едуцираат за потполнување на ПДД-ГДП, обврска за поднесување на ГДП, даночен рок за ДБ, составување на годишна сметка и друго.
Слично
