Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП: Од над 35 илјади ДДВ обврзници, само 178 се прилагодиле на е-Даноци

УЈП: Од над 35 илјади ДДВ обврзници, само 178 се прилагодиле на е-Даноци
Од 35.320 ДДВ обврзници, само 178 се прилагодиле на е-Даноци, соопшти денеска Управата за јавни приходи. Како што информираат од УЈП први кои треба да отпочнат со задолжително користење на е-Даноци од 1 јануари 2013 година, се 4595 месечни ДДВ обврзници, од кои во моментот само 98 се во целост подготвени да ги поднесуваат даночните пријави преку etax-fl.ujp.gov.mk. До крајот на месец декември, обврска да се прилагодат на новиот систем имаат уште 2855 месечни ДДВ обврзници, односно 1642 месечни ДДВ обврзници кои воошто не се регистрирани на е-Даноци. Од УЈП апелираат месечните ДДВ обврзници навреме и во предвидените рокови да ги преземат сите неопходни чекори за користење на електронските услуги на УЈП, за да не се случи од 1 јануари да не можат да пријават ДДВ и данок на добивка во УЈП. Во прилог, табелата со која се покажуваат бројките на регистрирани корисници на Е-даноцигодинава, заклучно со првата половина од месец ноември. За поголем приказ кликнете на табелата.
Слично

Поврзани вести