Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП ЛИСТА: Паѓа бројот на должници, Државната „Македонија пат“ го „билда“ долгот

УЈП ЛИСТА: Паѓа бројот на должници, Државната „Македонија пат“ го „билда“ долгот

На деветтата листа на должници на Управата за јавни приходи бројот на оние кои имаа долг кон државате бележи пад.

И овој пат физички лица, претпријатија, приватни но и државни компании се наоѓаат на листата која 4 360 должници.

На последната листа на долгови доспеани до 31.05.2017 и неплатени до 30.08.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини најголем долг набилда Отекс АД Охрид со над 742 милиони денари. 

Во првите позиции на листата, односно второто место и понатаму го држи државната Македонија пат која има долг кон државата од над 456 милиони денари.

До долг од 431 милион денари и трето место на должничката листа се наоѓа Ел Дон Кастило Ангел Д.О.О.Е.Л. Експорт Импорт Скопје.

Не изостанува од листата ниту МРТ која стигна до долг од над 105 милиони денари, а должници на државата се уште се и јавните комунални претпријатија од Тетово и Гостивар.

Сепак фактот што нето долгот е 12 милијарди денари или споредбено со лани е помал за 311 милиони денари упатува кон тоа дека бројот на должници се намалува а со тоа можеби и се враќа финансиската дисциплина кај граѓаните.

Слично

Поврзани вести