УЈП листа: Кои се најголемите должници?
Државни и јавни претпријатија, приватни фирми од различни дејности, медиуми, физички лица, комунални претпријатија, компании во стечајни постапки, се најдоа на “црната листа” на должници што ја објави Управата за јавни приходи овој месец. Вкупната бројка на должници изнесува близу 4.300 фирми и физички лица, и сите имаат различни долгови кон државата. Се работи за долгови доспеани до 31.01.2015 а неплатени до 30.04.2015 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 2.000 евра за физичките лица и повисок од 4.800 евра за фирмите.
Од УЈП велат дека е можно дел од фирмите на листата да имаат блокирани сметки, а некои не, бидејќи зависи се зависи од големината на даночниот обврзник и од видот на даноците, а кај големите даночни ообрвзиници и еден месец да доцнат со плаќањето ќе се најдат на листата.
Како најголем должник на врвот на листата, со долг од 18,5 милиони евра е компанијата “Ел Дон Кастило Ангел Д.О.О Е. Л, Скопје”, која веќе неколку месеци по ред е прва на листата на должници. Веднаш зад неа со слична сума на долг е компанијата ”Индустрија Ел Азтека д.о.о. Скопје“. Токму овие фирми во јавноста беа поврзувани со името на Ангел Кастиљо, кој беше обвинет дека го оштетил буџетот за 5,5 милиони евра.
Во првата десетторка како должни на УЈП се и јавните претпријатија Македонски шуми и Македонија Пат. ЈП Македонски шуми и должи на државата 5,3 милиони евра, а ЈП Македонија пат основ на ДДВ и Данок на добивка должи над 6,3 милиони евра.
Од другите јавни и државни претпјатија на листата е ЈП За стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РМ со долг од близу 470 илјади евра, ЈП Хидросистем Злетовица Пробиштип со долг од над 74 илјади евра, дел од јавните комунални претпријатија во земјава. Меѓу должници е е и Градот Скопје кој должи околу 404 илајди евра. На листата на должници се најдоа и дел од медиумите. Така Македонската радио телевизија и овој пат е на листата на должници, со долг од околу 1,6 милиони евра, а на листата на должници се и телевизиите Канал 5 Плус, Алфа Тв ДОЕЛ, ТВ БТР Национал. Како должници на листата се посочени и дел од фирмите во државна сопственост како Охис, ЕМО и Еурокомпозит.
Структурата на фирмите должници е различна. Доминираат градежните фирми, тутунски компании, но има и аптеки, фармацевтски компании, винарии, приватни поликлиники, бутици, кафулиња, дискотеки, кафеани, хотели, фирми за консултантски услуги, фирми во стечајни постапки, агенции за обезбедување, фирми кои веќе не работат како на пример компанијата за месни производи Римес.
Од УЈП објаснуваат дека листата која е во согласност со Законот за даночна постапка, е со цел да се зајакне даночната дисциплина и да се заштити буџетот.
Ваква листа на должници УЈП објавува еднаш во месецот, најдоцна на 10-ти, на која се објавуваат само имињата на должниците, не и на оние кои навреме си ги подмируваат обврските кон државата. Законот за даночна постапка се донесе кон крајот на 2013-та година, а првата “црна листа” на должници УЈП ја објави во јуни минатата година.
Ј.С
Ваква листа на должници УЈП објавува еднаш во месецот, најдоцна на 10-ти, на која се објавуваат само имињата на должниците, не и на оние кои навреме си ги подмируваат обврските кон државата. Законот за даночна постапка се донесе кон крајот на 2013-та година, а првата “црна листа” на должници УЈП ја објави во јуни минатата година.
Ј.С
Слично
