УЈП: Кој сè има обврска да поднесе годишна даночна пријава?
Од Управата за јавни приходи информираат дека треба задолжително да поднесете Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП) најдоцна до 15. март 2016 година, доколку во измината 2015 година, сте оствариле:
-дополнителни приходи, односно освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност.
-сте оствариле и приходи од
-кирии (издавање на имот - закуп или подзакуп)
-авторски права
-индустриска сопственост
-исплатена дивиденда
-капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот
-добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари
-приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни
-лични примања од странство -работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација...
-приходи остварени преку интернет (е-трговија; услуги извршени преку специјализирани страни пр.www.freelancer.com , www.upwork.com и др.
-поставување на реклами на сопствени интернет страни; прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари)
-и други дополнителни приходи, надвор од вашата редовна плата или пензија.
Слично
