Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП ја објави втората листа на должници годинава

УЈП ја објави втората листа на должници годинава

Управата за јавни приходи ја објави втората листа на должници за годинава. 

Се работи за листа на должници за долгови доспеани до 31 октомври лани и неплатени до 31 јануари оваа година.

Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за должници за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата има повеќе од 4500 должници, дел физички лица, а остатокот се компании. 

Слично

Поврзани вести