Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП ја објави најновата листа на даночни должници

УЈП ја објави најновата листа на даночни должници

Како даночен орган кој функционира единствено на територијата на Република Македонија, УЈП оперативно ја спроведува даночната политика и врши наплата на даноци и други јавни давачки.

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.01/2018 за долгови доспеани до 30.09.2017 и неплатени до 31.12.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

-повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и

-повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.02/2018 објавени се 2399 должници – правни лица (повеќе за 24 од претходната листа) и 2014 физички лица (повеќе за 420 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2018 изнесува 10.995.091.492 денари, повеќе за 199.863.114 денари од претходната листа.

Целиот документ погледнете го ТУКА

Слично

Поврзани вести