Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП ИЗРЕЧЕ 91 КАЗНА ПОРАДИ ЗАКОНОТ ЗА ГОТОВИНА - засилена контрола меѓу кафулињата, рестораните, хотелите, бутици...

УЈП ИЗРЕЧЕ 91 КАЗНА ПОРАДИ ЗАКОНОТ ЗА ГОТОВИНА - засилена контрола меѓу кафулињата, рестораните, хотелите, бутици...

Кај 91 компанија се утврдени неправилности во работењето и изречени се казни за непочитување на Законот за регистрирање на готовински промет, соопштуваат од Управата за јвани приходи. 

Од таму укажуваат дека во периодот од 11.08.2025 - 17.08.2025 година спроведени се вкупно 243 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарници и други трговски објекти за продажба на мало.

- Контролите беа реализирани во повеќе градови низ државата, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена фреквенција на туристи.

Од вкупно 243 контролирани субјекти, кај 37,4 отсто, односно кај 91 од контролираните субјекти биле констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет. 

За утврдените неправилности донесени се 91 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. За седум субјекти поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување) - се посочува во соопштението на УЈП. 

Притоа од УЈП ги споделуваат со јавноста и податоците каде и во колку објекти е извршена контрола. 

Спроведените контроли и утврдените неправилности по градови: 

- Скопје извршени се 31 контроли, а утврдени се 13 неправилности,

- Битола, Охрид, Струга, Демир Хисар и Ресен извршени се 67 контроли, а утврдени се 12 неправилности, од кои: 1 во Битола, 1 во Охрид, 6 во Струга, 1 во Демир Хисар, 3 во Ресен,

- Прилеп, Кавадарци, Велес и Кривогаштани извршени се 42 контроли, a утврдени се 12 неправилности, од кои 2 во Прилеп, 1 во Кавадарци, 7 во Велес и 2 во Кривогаштани,

- Тетово, Гостивар и Кичево извршени се 44 контроли, а утврдени се 29 неправилности, од кои: 17 во Тетово, 9 во Гостивар и 3 во Дебар,

- Куманово и Крива Паланка извршени се 16 контроли, а утврдени се 2 неправилности, од кои во Куманово не се утврдени неправилности, а 2 неправилности се утврдени во Крива Паланка,

- Струмица, Дојран, Гевгелија, Богданци, Василево, Пехчево и Берово извршени се 43 контроли, а утврдени се 23 неправилности, од кои: 12 во Струмица, 3 во Дојран, 4 во Гевгелија, Богданци без неправилности, 1 во Василево, 1 во Пехчево и 2 во Берово.


- Апелираме до сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи, со цел да придонесат кон зајакнување на даночната усогласеност и унапредување на даночната дисциплина во државата - се нагласува во соопштението.

Од УЈП додаваат дека врз основа на извршените контроли согласно Закон за регистрирање на готовински плаќања ќе врши вкрстени проверки со цел да ја провери веродостојноста на искажаните приходи кај даночните обврзници.

- Издавањето фискални сметки и користењето мобилни фискални апарати не претставуваат само законска обврска – туку и клучен чекор кон правично, транспарентно и одговорно деловно опкружување.

Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на доследна примена на законите и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници - заклучуваат на крајот од соопштението. 

Слично

Поврзани вести