УЈП истражува кој и како добил нето плата од 210 илјади евра
Една фирма во Македонија на својот вработен му исплатила нето-плата од 210 илјади евра во јули годинава. Управата за јавни приходи сега врши дополнителна контрола на оваа исплата, потврдуваат оттаму за Фактор.
Надлежните од УЈП појаснуваат дека сумата од 210 илјади евра, што е исплатена како нето плата, и е евидентирана преку системот за интегрирана наплата, е предмет на дополнителна проверка.
Која е компанијата што на име нето плата го исплатила ово износ и кое е лицето што ја добило не се открива, но најверојатно станува збор менаџер на една од најголемите компании во земјава.
Од друга страна, во јули годинава, 10.357 вработени не добила плата. Пресметките за плата биле поднесени, но истата не била исплатена. Ова го покажуваат податоците кои Фактор ги доби од Управата за јавни приходи со Барање за пристап до информации од јавен карактер.
Слично
