Економија, финансии, бизнис

Контакт

Граѓаните се уште може да се регистрираат за е-даночна прјава

Граѓаните се уште може да се регистрираат за е-даночна прјава

Граѓаните ќе може да се регистрираат за е-даночна пријава и по 31 јануари. 

Според последните податоци досега тоа го сториле околку 660.000 луѓе а проектирано беше дека тоа треба да го направат 920.000 граѓани. Сепак во оваа бројка влегуваат и 320.000 пензионери кои сега се ослободени од обврската. Од УЈП велат дека е оставен простор тие кои не с ерегистрирале да го сторат тоа и во следните денови на кој било од шалтерите од УЈП. 

Даночниците ќе се обидат да стапат во контакт и со тие кои воопшто не покажале интерес бидејќи, како што велат од Управата, не им е целта да казнуваат.

„До утрината на 31.12 се регистрирани над 650.000 граѓани, но конечната бројка ќе се знае утре. Задоволни сме од одзивот на граѓаните, тој е речиси 100 процентен. Системот е отворен и секој кој го пропуштил рокот ќе може и од утре да ја донесе пријавата во УЈП. - велат од УЈП


Слично

Поврзани вести