УЈП ги советува граѓаните да бараат фискални сметки
Вкупно 29 објекти затвори УЈП во последната акција, од кои, во Штип се затворени 21 објект, а осум во Гостивар.
Од УЈП соопштуваат дека од затворените објекти, два биле трговци- поединци кои вршеле дејност од мал обем и за кои е предвидена казна од 750 евра.
За останатите, меѓу кои има магацини на големо за градежни материјали, бензиска пумпа, ресторани специјализирани за свадби и други угостителски објекти, а кои прикажувале помал промет и до 50 проценти, изречени се глоби од 3.250 евра.
Од УЈП ги повикуваат граѓаните задолжително да побараат фискална сметка со цел да се осигураат дека данокот, кој тие го плаќаат како потрошувачи, нема да заврши во нечии „приватни џебови“.
Слично
