Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП ги објави должниците – кој се должи?

УЈП ги објави должниците – кој се должи?

Управата за јавни приходи ја објави осмата по ред листа на должници.

Меѓу должниците се компании со различни дејности, јавни претпријатија, институции, здравствени установи. Станува збор за долгови доспеани до 30 април 2016 година и неплатени до 31 јули годинава по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Слично

Поврзани вести