Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП: Електронското пријавување на ДДВ стартуваше успешно

УЈП: Електронското пријавување на ДДВ стартуваше успешно
Пријавувањето на ДДВ по електронски пат, навреме и успешно го завршија 21.647 фирми, соопштија денеска од Управата за јавни приходи. Со новините во даночното работење, кои за месечните ДДВ обврзници стапија на сила од 1 Јануари годинава, а за тримесечните од 1 Јули, наместо досегашното поднесување на хартиени даночни ДДВ пријави на шалтерите во Управата, се воведе задолжително електронско пријавување на ДДВ. Податоците на УЈП покажуваат дека 2,3% од фирмите не се прилагодиле на новиот начин на електронска комуникација со УЈП, иако имале законска обврска, односно воопшто не се регистрирале на е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/ и не поднеле електронска ДДВ-пријава, за што е предвидена глоба до 3.500 евра во денарска противвредност.  
Слично

Поврзани вести