Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП: До 3 илјади евра казна за доцнење со Годишниот извештај

УЈП: До 3 илјади евра казна за доцнење со Годишниот извештај
Фирмите кои организираат зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, имаат обврска најдоцна до крајот на месецот, да поднесат Годишен извештај (образец“ПДД/ГИ-ЗП”) во кој треба да се пријави кој ги користел продажните места на зелениот пазар во изминатата 2012 година, соопштуваат од Управата за јавни приходи. Образецот “ПДД/ГИ-ЗП” може да се преземе преку веб страницата на УЈП, додека пополнетиот „Годишен извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари“, организаторот на зелениот пазар треба да го достави до даночните канцеларии на УЈП или по електронски пат преку е-даноцинајдоцна до 31 јануари 2013 година, кога и истекува законскиот рок за завршување на оваа обврска. Од УЈП потсетуваат дека за оние кои ќе го пречекорат рокот законот предвидува казна во износ од 2.000 до 3.000 евра.
Слично

Поврзани вести