Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЈП денеска на лицитација ќе продава запленет движен и недвижен имот

УЈП денеска на лицитација ќе продава запленет движен и недвижен имот
Два стана, три автомобили, автобуси, цистерни, шанк-столчиња, кафемати, ледомати, фрижидери, гарнитури, па дури и томограф, ќе се продаваат денеска, по пат на јавна лицитација, во Управата за јавни приходи. Аукцијата ќе се одржи во периодот од 11 до 13 часот. Станува збор за движен и недвижен имот кој е запленет од фирми кои не можеле навреме да го платат данокот и некои од понудените предмети се ставени на аукција по прв пат, а некои се нудат и повеќе од 30 пати. Според огласот, од недвижните ствари, на аукција се ставени два стана на улица Козара во Скопје и тоа едниот кој е со површина од 51 квадратни метри и се нуди со почетна цена од 39.500 евра, а другиот стан кој има 33 квадрати и е со проценета вредност од 26.000 евра.
Слично

Поврзани вести