УЈП: Даночни пријави ќе се примаат и во понеделник
Бидејќи во недела на 15-ти март завршува законскиот рок за даночните обврзници а е неработен ден, годишни даночни пријави ќе може да ги доставите во УЈП и во понеделник.
Бројот на граѓани кои поднесуваат годишни даночни пријави во Управата за јавни приходи расте. Во просек се поднесуваат по 40 илјади пријави дневно, досега се поднесени вкупно 283.338 пријави.
Во сабота регионалните дирекции и даночните одделенија ќе работат до 14 часот, а контакт центарот во Скопје од 9 до 20 часот. Бидејќи законскиот рок за даночните обврзници истекува во неработен ден, недела 15 март , годишни даночни пријави ќе се примаат и во понеделник.
Слично
