Угостителските услуги во август поскапи од лани – што е најскапо?
Индексот на цените на угостителските услуги во август 2016 година, во споредба со јули 2016 година, остана на исто ниво.
Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Индексот на цените на угостителските услуги во август 2016 година, во однос на истиот месец лани е зголемен за 0.4%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-август 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година е зголемен за 0.1%.
Најмал е индексот кај слатките, а поголем индекс имаат предјадења, топли и ладни, готови јадења, печења и јадења по порачка, варива, салати, леб, алкохолни пијалаци, безалкохолни пијалаци и ноќевања. Индекстот кај слатките е 99.8, а сите други производи и услуги имаат над 100 индекс.
