Економија, финансии, бизнис

Контакт

УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ: Што е поевтино?

УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ: Што е поевтино?

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2018 година,  во споредба со април  годинава, е намален за 0.1 %. 

Ако се гледа по групи на услуги, намалување е забележано во 
групите Храна за 0.1 %, Алкохолни пијалаци за 0.1 % и Безалкохолни пијалаци за 0.1 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1.6 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1.6 %, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 0.9 %.

Слично

Поврзани вести