Угостителите со повисоки цени
Државниот завод за статистика објави дека кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто.
Како што е објавено, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година е зголемен за 5,2 отсто.
Цените во однос на декември 2023 година се зголемени за 2,8 проценти. Според податоците, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за само 0,2 отсто.
Слично
