Економија, финансии, бизнис

Контакт

Угостителите се против изградба на улицата на КЕЈ

Угостителите се против изградба на улицата на КЕЈ

Сопствениците на угостителските објекти на кејот ја поздравија одлуката на градоначалникот и советот на општина Центар, со која се става забрана за градба на проектираната улица од странана Град Скопје до Нова година.

„Ги повикуваме сите засегнати институции (двата градоначалници Г-нот Трајановски и Г-динотЖерновски) како и стручната јавност и граѓаните, активно да се приклучат кон оваа иницијатива заизнаоѓање на трајно решение бидејќи кејот е јавен простор кој го користиме сите. Изградба напланираната улица како што е моментално предвидена целосно би го уништила кејот и би гопопречила слободнотo движење на граѓаните“. – стои во соопштението од сопствениците.

Тие потенцираат дека на ова најмаркантно шеталиште дневно поминуваат повеќе од 10.000 гости и туристи кој уживаат во уникатниот поглед на градот и знаменитостите. Велат дека отпорот кон оваа одлука е огромен од граѓаните кој секојдневно ги уживаат благодетите на кејот 13 Ноември.

„Ова здружение ги претставува повеќе од дваесетина сопственици/ закупци на кејот како и повеќе од 500 вработени кои директно се загрозени со првичната одлука. Со изведбата на улицата по одлуката на градот Скопје се наштетува и на работата на над илјада директни добавувачи и кооперанти."- стои во соопштението.

Тие се надеваат дека во соработка со градските и локалните власти ќе се изнајде заедничко решение прифатливо за сите.

Слично

Поврзани вести