Економија, финансии, бизнис

Контакт

Угостителите, музичарите и фотографите ќе протестираат додека не се усвојат нивните барања

Угостителите, музичарите и фотографите ќе протестираат додека не се усвојат нивните барања

Угостителите ќе организираат протести секој работен ден во Скопје и во други градови, додека не се исполнат нивните барања. 

Иницијативниот одбор за протест на рестораните кои работат организирани прослави, заедно со ноќните клубови, музичарите и фото студијата, ќе протестираат додека не се усвојат нивните барања. 

„Будно ја следиме епидемиолошката состојба во државата и сме свесни за моменталната состојба, па поради тоа во првата фаза бараме да ни се дозволи да можеме да работиме под истите услови и протоколи, како и скратеното работно време како што работат сите останати а ла карт објекти. Овие барања се од суштинско значење за нашиот опстанок имајќи го во предвид нашиот сезонски карактер на нашата дејност“, рече Марија Синадиновска Арсовска. 

Протести имаше и минатата недела, но решение нема на повидок. 

Слично

Поврзани вести