Економија, финансии, бизнис

Контакт

Угостителите ќе се жалат до Уставен за скратеното работно време

Угостителите ќе се жалат до Уставен за скратеното работно време

Од денеска па до 20 јануари угостителските објекти ќе работат со работно време само до 18.00 часот, откако Владата ја прифати мерката на Комисијата за заразни болести, а Независната угостителска комора (НУК) денеска ќе поднесе Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на оваа одлука.

Станува збор за измените и дооплнувањата на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од КОВИД-19 со кои се ограничува работата на угостителските објекти до 18 часот, наместо како што бешпе досега до 21.00 часот.

-Почнуваме да ги користиме сите правни мерки и дејства кои ни се на располагање во интерес и заштита на угостителската индустрија. Владата на 15 декември донесе селективни и дискриминирачки измени и дополнувања на Одлуката. Со оглед дека до моментот на закажување на оваа прес-конференција ниту премиерот, ниту некој друг член на Владата не излегоа во пресрет на нашето барање за итна јавна средба отворена за јавноста и учество на медиумите, очигледно Владата си поигрува и ја потценува моќта и општествената улога и влијание на угостителите и угостителските работници кои секојдневно опслужуваат повеќе од половина милион гости во угостителските објекти ширум земјава, се вели во соопштението кое го испрати претседателот на НУК, Здравко Јосифовски. 

Угостителите бараат соодветна исплата на штетата во јануари и февруари што ќе ја претрпат поради новото ограничување на работното време. НУК за 12:30 часот најавува прес-конференција пред Уставниот суд во Скопје.



Слично

Поврзани вести