Економија, финансии, бизнис

Контакт

Угостителите ги доставија барањата до Владата, бараат половина кирија да им се плати

Угостителите ги доставија барањата до Владата, бараат половина кирија да им се плати

Претставниците на туристичко угостителскиот сектор како што беше предвидено за оваа недела, ги доставија сите нивни предлози за начинот на поддршка од државата, но и за користењето на Фондот за туризам преку кој сега се на располагање 95 милиони денари.

По минатонеделната средба на претставникот на групацијата на угостители Мартин Ангеловски со министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши, овој пат состанокот се одржал со владините советници кои најавиле дека новите барања ќе бидат ставени на дневен ред на идната владина седница.

Едно од барањата, за што се зборуваше и минатата недела во Министерството за финансии, е секој работник од угостителството да добие бруто-минимална плата и да се одложи плаќањето на режиски трошоци, односно струја, вода и парно за објектите.

„Побаравме со уредба, сите што се одјавени вработени кога ќе ги пријавиме назад, да бидат квалификувани за мерката за април за цел месец. Значи, заклучно со 31.03 тие што се одјавени без разлика кој ден од април ќе се пријават, да бидат квалификувани да добијат соодветна помош. Побаравме дел од кириите да ни бидат покриени од државата, односно половина од сумата“, вели Ангеловски за Алсат.

Веќе се размислува и за мерките со кои би се вратиле повторно во нормално работење за кое постои размислување да биде за неполн месец. На минатата средба се дискутираше за нејаснотиите околу постојните мерки и им беа претставени на угостителите измените на условите за користење на поддршката со новите владини уредби, а за кои што имаше реакции од угостителите изминатиот период.

Од Министерството за финансии побарано беше толкување за повикувањето на законот за постапувањето при виша сила. Даден е и предлог во контекст на нивните примарни барања да се добие минимална бруто плата за вработените во секторот.



Слично

Поврзани вести