Економија, финансии, бизнис

Контакт

Угостителите бараат да бидат вклучени во креирањето на петтиот сет економски мерки

Угостителите бараат да бидат вклучени во креирањето на петтиот сет економски мерки

Угостителите преку својата комора бараат активно да учествуваат во креирањето на петиот сет на економски мерки за справување со последиците од пандемијата што го најавува Владата.

Од Независната угостителска комора очекуваат покана заедно со останатите комори да бидат активни учесници во одлуките кои ќе се донесат за следниот пакет на помош. Од таму велат дека немаат добиено никаква директна информација ниту покана од Владата или било која друга институција за дискусии и предлози во креирањето на посебни економски мерки наменети за угостителите.

Сепак НУК очекува дека ќе следува финансиска поддршка и неповратна помош поради ограничувањето на работното време на угостителските објекти кое е направено со измените и дополнувања на одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од КОВИД-19.

„И покрај тоа што се уште немаме добиено покана за јавна средба отворена за јавноста и учество на медиумите со Претседателот на Влада, ги поздравуваме предновогодишните изјави и прес конференции на кои претставниците на Владата и Претедателот на Владата официјално ги најавија петтиот сет пакет на економски мерки со кои мерки треба да се таргетираат оние кои се најпогодени од кризата, како компаниите, така и граѓаните а се планираат да ги дизајнираат во консултации со Синдикатите, Стопанските комори и други социјални партнери“, гласи реакцијата на НУК.

Угостителите се уште немаат информации за поднесената иницијатива до Уставниот суд од 18-ти декември во која тие се жалат на селективноста на донесената рестриктивна мерка за работното време на угостителските објекти од страна на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести.


Слично

Поврзани вести