Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЕФА отвори истрага за инцидентот во Белград – одлука на 23 октомври!

УЕФА отвори истрага за инцидентот во Белград – одлука на 23 октомври!
Европската фудбалска унија УЕФА и официјално отвори истрага за инцидентот поради кој беше прекинат натпреварот меѓу Србија и Албанија во квалификациите за Европското првенство. Конечната одлука за одговорноста за инцидентот се очекува да биде донесена на 23-ти октомври, кога треба да се изјасни Дисциплинската комисија на УЕФА. Дотогаш таа ќе ги разгледа извештаите на двете федерации и на делегатот на натпреварот. УЕФА соопшти дека при одлуката ќе бидат разгледани неколку елементи. Српската репрезентација би можела да биде казнета заради пропусти во органзиацијата, пиротехнички средства и влегување на навивачи на теренот. Албанската страна, пак, би можела да одговара за провокацијата со беспилотно летало со недозволен транспарент, како и заради одбивањето на албанските фудбалери да го продолжат натпреварот.
Слично

Поврзани вести