УДРИЛ ВО МЕТАЛНИТЕ БРАНИЦИ: На патот Скопје-Средно Водно загина моторциклист
Патот Скопје-Средно Водно синоќа однесе млад човечки живот.
22 годишно момче загина откако со моторот марка „Сузуки 750“ со скопски таблички удрило во металните браници на патот.
Веднаш по незгодата која се случила 15 минути по 23 часот, момчето било пренесено на Ургентен Центар при Комплекс Клиники Мајка Тереза каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.
По извесно време, момчето им подлегнало на повредите од сообраќајната незгода.
Слично
