УДАР ЗА ДОЛАРОТ: Две држави ќе воведат заедничка валута и тука не запираат
Две држави се спремаат за заедничка валута.
Бразил и Аргентина во следните денови ќе објават дека започнуваат подготвителна работа за воведување заедничка валута, пишува денеска весникот „Фајненшл тајмс“.
На оваа тема ќе зборуваат деновиве во Буенос Аирес. Оваа валута, Бразил предлага да ја нарече „сур“ (југ). Таа може да ја поттикне регионалната трговија и да ја намали зависноста од американскиот долар. Идејата датира од 2019 година. Ако успее, можно е во иднина и другите држави од Јужна Америка да им се придружат.
Доларот ја губи вредноста. Вредноста на еврото се зголеми за дури 0,7 отсто до 1,0927 долари пред говорниците на Европската централна банка во понеделникот, вклучително и претседателката Кристин Лагард.
фото ЕПА
