УДАР ПО ЏЕБ НА ПУШАЧИТЕ: Кои цигари поскапеа?
Новото поскапување на дел од брендовите на цигари ќе удри по џебот на пушачите за пет денари плус.
Според најновиот бран на поскапување за пет денари повеќе пушачите почнаа да плаќаат за Бонд кои сега наместо 65 чинат 70 денари.
По 70 денари цена за кутија добија и Бренд, Ориентал , додека Честерфилд се продаваат наместо по 75 за 80 денари.
Под притисок на цената се најдоа и „Малборо голд“ од 130 на 140 денари, Сан слим, од 80 на 85 денари додека по пет денари пред празниците поскапеа и „Вест“ (силвер, ред и вајт), „Волтер Вулф“ (блек и вајт) и „Ронхил Вејв“ (голд и блек).
Единствено засега нема промени во цената на Малборо тач, Малборо кор и Малборо слим.
Поскапувањето на цигарите започна пред две години, во јуни 2015, а почнувајќи од годинава, па се во наредните седум години цените на цигарите годишно ќе поскапуваат по четири денари.
