Удар од Европа за Русија
ЕУ ги продолжи санкциите за Русија на шест месеци.
Амбасадорите на ЕУ и официјално ги продолжија на шест месеци економските санкции врз Русија поради нејзината улога во Украина. Минатата недела лидерите на ЕУ едногласно дадоа зелено светло за мерките, цитирајќи го недостатокот на напредок во спроведувањето на мировниот договор од Минск. За руското Министерство за надворешни работи санкциите се неконструктивни и незаконски.
Санкциите се однесуваат на енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија и за прв пат беа воведени во април 2014 година по руската анексија на Крим. Примирјето како дел од договорот од Минск во септември, 2014 и февруари 2015 година не доведе до крај на конфликтот во источна Украина.
Слично
