Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Удар“ најави нов протест за денеска пред Собранието

„Удар“ најави нов протест за денеска пред Собранието

За денеска во 17 часот пред Собранието на РМ граѓанската иницијатива им закажа нов протест на граѓаните кои не се задоволни со моменталната состојба во земјата.

Имено, ова е втор протест кој го организра оваа спонтана граѓанска иницјатива која неодамна „се роди“ на Фејсбук.

На денешниот протест ќе се повика на попис на населението, целосна финансиска ревизија на проектот „Скопје 2014“, решавање на проблемите на загрозените групи во Македонија, а ќе се бара и ослободување на медиумите од владејачките канџи.

-Иницијативата „Удар – За Македонија се работи” се бори за подобра Македонија затоа што ни е доста од: повеќе од 30 отсто невработеност; здравството да тоне додека министерот си игра видео игри со операции; евро-атлантската интеграција е уназадена; да се бориме за човекови права а семејни насилници да се шетаат на слобода и убиваат; Владата да се залага за социјална правда, а да има безброј лица со инвалидност измамени за вработување“, соопштуваат од „Удар“, пишува Фокус.

Слично

Поврзани вести