УДАР НА ПЛАТИТЕ: Оваа валута го доживеа најголемиот пад за 10 години
Поради загриженоста од новата светска трговска војна, шведската круна падна во однос на еврото и тоа е најголем пад за период од 10 години.
Оваа валута ја намали вредноста за 5.4%, а постои загриженост и поради фактот дека скандинавската економија успорува.
Шведската валута е во најлоша позиција откако американскиот претседател, Доналд Трамп се закани дека ќе ги зголеми царините за кинеската роба.
Шведска за малку избегна рецесија, а во последниот квартал лани имала раст од 1.2%.
Падот на валутата ќе влијае на платите на граѓаните од нашиот регион кои таму работат.
Слично
