Економија, финансии, бизнис

Контакт

Учителките не смеат да примат подарок поскап од 1000 денари

Учителките не смеат да примат подарок поскап од 1000 денари

Посебно внимание во јавноста деновиве привлекува новиот Закон за вработените во јавниот сектор кој беше изгласан на 13 февруари.

Одредбата на Законот наложува и еден детал во кој се одредува вредноста на подарокот кој смеат да го примат државните и јавните службеници и според истата  вредноста на примен подарок е ограничена до 1.000 денари, и тоа најмногу трипати во годината, а ова важи и за учителките и професорките во училиштата.

Според новиот закон,  вработените во јавниот сектор нема да смеат да примаат подароци поскапи од 1.000 денари, додека  од една иста личност во текот на годината смеат да примат подароци чија вкупна вредност нема да надминува  3.000 денари.

Законот е донесен со цел да се спречи корупција, подмитливост итн, но во пресрет на 8 март.

Забраната се однесува на вработените во образованието, здравството, културата, трудот, полицијата, армијата, царината, државни и јавни службеници, фондови и агенции, јавни претпријати и затвори, односно учителки, лекари, полицајци и цариници.

Слично

Поврзани вести