УЧИТЕЛКИТЕ И БУЏЕТАРКИТЕ не смеат да примат подарок поскап од 1000 денари
Лани беше изгласан нов Закон за вработените во јавниот сектор.
Имено според него се предвидува вредноста на подарокот кој смеат да го примат државните и јавните службеници и според истата вредноста на примен подарок е ограничена до 1.000 денари, и тоа најмногу трипати во годината, а ова важи и за учителките и професорките во училиштата.
Според новиот закон, вработените во јавниот сектор нема да смеат да примаат подароци поскапи од 1.000 денари, додека од една иста личност во текот на годината смеат да примат подароци чија вкупна вредност нема да надминува 3.000 денари.
Законот е донесен со цел да се спречи корупција, подмитливост итн, но во пресрет на 8 март.
Забраната се однесува на вработените во образованието, здравството, културата, трудот, полицијата, армијата, царината, државни и јавни службеници, фондови и агенции, јавни претпријати и затвори, односно учителки, лекари, полицајци и цариниц
