Училиштето „Александар Македонски“ ќе слави патронен празник на 10 јуни
Крајот на учебната година - 10 јуни ќе биде патронен празник на основното училиште „Александар Македонски“ во општина Аеродром.
„Датумот е внимателно избран и се совпаѓа со одредени историски факти според кои тогаш починал Александар Македонски“, рече градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски
Овој ден денеска беше одбележан со приредба и ученици облечени во униформи на македонската фаланга. Училиштето доби и споменик на Александар Македонски, донација од скулпторката Валентина Стефановска, која ги презела сите трошоци за негова изработка.
Споменикот го открија министерот за образование Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски.
Основното училиште „Александар Македонски“ беше отворено на стартот на учебната година, во септември 2013-та. Според тогашното објаснување од страна на општината, името било желба на советниците но, и на поголемиот дел од жителите на општината Аеродром.
Според историските сознанија, Александар Македонски починал на 10 или 11 јуни во 323 година п.н.е.
Фото: Телма
Слично
