Економија, финансии, бизнис

Контакт

Училиштата се дават во долгови, на 9 од 11 струшки училишта им се замрзнати сметките

Училиштата се дават во долгови, на 9 од 11 струшки училишта им се замрзнати сметките

Струшките училишта кои веќе три недели работат без струја се закануваат со целосен бојкот на наставата.

Поради овој проблем наставата се одвива со скратени часови. Револтирани, родителите велат дека нема воопшто да ги пуштаат своите деца на училиште ако не се реши овој проблем.

Овие училишта работат без електрична енегија бидејќи ЕВН не прифатила долгот од два милиони денари да се ислаќа на рати.

Од ЕВН пак, реагираа дека општина Струга не го почитува договорот од лани, кој беше постигнат поради слични проблеми.

,,Од склучување на договорот до денеска ниедна од тековните сметки не е платена. ЕВН Македонија е отворена за соработка во надминувањето и на овој проблем и општината може да го плати долгот на училиштата на начин кој важи за сите корисници “ се вели во одговорот од ЕВН Македонија.

Инаку, од вкупно 11 основни училишта во Струга на девет им се замрзнати сметките поради неисплатени долгови.

Слично

Поврзани вести