Економија, финансии, бизнис

Контакт

УЧЕТЕ ОД НЕГО: Бил одбиен за работа 30 пати, а денес е најбогатиот човек во Кина

УЧЕТЕ ОД НЕГО: Бил одбиен за работа 30 пати, а денес е најбогатиот човек во Кина

Џек  Ма е еден од најуспешните бизнисмени во светот. Неговата компанија Алибаба привлекува 100 милиони купувачи дневно, а неговото богатство се проценува на 20,4 милијарди долари.

Но, пред да стане најбогатиот човек на Кина, Џек Ма поминал низ многу неуспеси, одбивања и прфоесионални порази.

Во неодамнешно интервју, бизнисменот открива дека 30 пати го одбиле за работа, а 13 пати паднал на приемот за Харвард.

„ Барав работа и во полиција, но ми рекоа дека сум лош. Сакав дури да работам и во KFC во мојот град. На интервјуте 24 се пријавија, а 23 луѓе влегоа на работа. Јас бев исклучокот.” – вели Ма во интервју за Blumberg.

Oткако се решил да ја основа компанијата Алибаба, тој минувал низ тешки периоди и финансиски кризи. Брендот не бил препознатлив и профитабилен дури во првите три години.

Проблем на компанијата бил лошиот систем на наплата, поради што ниедна банка не сакала да соработува со него.

Тогаш, Ма одлучил да направи свој наплатен систем „Алипеј” кој врши трансакции и размена на различни валути измеѓу меѓународни купувачи и продавачи.

„Многу луѓе ми рекоа дека сопствен наплатен систем била најглупавата идеја што ја чуле, а денес и тие ја користат.” – вели задоволно кинескиот милијардер.

 Успехот на најголемиот бизнисмен во Кина се должи на неговата упорност и верба во неговата идеја.

Денес, системот „Алипеј” го користат повеќе од 800 милиони луѓе во светот.

Слично

Поврзани вести