Учество на изборите во јуни откажуваат повеќе партии
ДОМ, Достоинство, ЛДП, Демократскиот сојуз, Унитети се партиите кои нема да излезат на избори доколку тие се одржуваат на 5 јуни.
Расте бројот на поддржувачите на опозицината СДСМ чиј лидер синоќа објави дека неговата партија нема да учествува на лажни избори.
Речиси сите оние кои ја поддржаа СДСМ се со идентичен став.
Павле Трајанов вели дека неговата партија без прочистен избирачки список и регулирани медиуми, нема да оди на избори.
Со исто мислење е и Лилјана Поповска и нејзината партија ДОМ.
Достоинство и Стојанче Ангелов нема да учествуваат на избори а Гзим Острени во име на Унитети се солидаризираше со злоупотребата на гласови и рече дека прво мора да се прочисти Избирачкиот списоки да има реформи во медиумите.
