Учесниците во синоќешната сообраќајка во Аеродром се живи
Учесниците во сообраќајната незгода која синоќа после полноќ ја потресе околината на Булеварот Јане Сандански и Аеродром се живи.
Како што информиравме утрово во сообраќајката учествувале две возила, Ауди и Опел, кои што со голема брзина се движеле кон Железничката станица со што возилото Ауди изгубило контрола и се забило во бандера. Според зборовите на очевидци девојката која седела на совозачкото седиште крварела во главата. За среќа поминала само со расекотина на главата, додек возачот и другото момче поминале со полесни повреди.
Од МВР работата на случајот и тоа како дошло до сообраќајката а Министерката Јанкуловска потврдува дека токму булеварот во скопски Аеродром и обиколницата се места каде што се организираат трки на автомобили и најави засилена контрола и строги казни.
