Економија, финансии, бизнис

Контакт

Учењето јазици на интернет ги празни приватните училишта

Учењето јазици на интернет ги празни приватните училишта

Пандемијата не е завршена, а во вакви услови многу луѓе одлучуваат да учат јазици по пат на интернет, преку бројни видеа објавени на јутјуб каналот, каде детално е објаснета граматиката, вокабуларот, но и како се водат дијалози на странски јазици.

Граѓаните на интернет најчесто учат англиски или германски јазик затоа што тие отвораат најмногу врати за вработување, првиот како интернационален, и вториот  како јазик кој последните години е популарен токму поради можноста да се замине на работа во Германија.

Од училиштата за странски јазици велат дека сега бројот на ученици е помал од порано, но мора да се прилагодат на промените, затоа што овој проблем е глобален. Потврдуваат дека луѓето денес ги користат алатките на модерната технологија за да се стекнат со знаење, и тоа за нив значи помалку работа, но оној кој има потреба од сертификат, сепак ќе посетува часови во училиште за странски јазици.

„Во време на пандемија, има ограничувања за невакцинираните и бројот на ученици е намален овие две години. Но, луѓето кои имаат потреба да добијат сертификат, и официјално да го потврдат познавањето на странски јазик сепак доаѓаат во училиштата за странски јазици. Тоа се најчесто луѓето на кои им треба сертификат за вработување или за заминување во Германија, а многу поретко доаѓа некој за лична сатисфакција“, вели Санда Србиновска, управител на училиштето за странски јазици „Вер лингва“ од Тетово.

На интренет има и многу видеа каде полиглоти објаснуваат како најбрзо и најлесно да се совладаат странски јазици.

„Во овие студени денови, во слободно време го освежувам своето знаење по италијански јазик, за што претходно имам посетувано курс и имам завршено еден степен. Но, не е на одмет да имам поголем фонд на зборови. Дополнително не е исклучена можноста понатаму да учам и некој друг јазик. На интернет има многу креативни видеа со помош на кои може да се учи“, објаснува наша соговорничка.

Англиски, германски, француски, италијански, руски, турски, шпански, полски, арапски и многу други јазици може да се учат преку онлајн часови. За почетниците има видеа со 600 или пак 1.200 збора кои треба да ги совладаат. Многу од овие видеа имаат милионски прегледи на јутјуб.

Сања Атанасовска

foto Printscrin

Слично

Поврзани вести