Учениците во Аеродром секој ден ќе ја слушаат химната
Од оваа учебна година, секој работен ден пред почетокот на часовите во прва смена, учениците во основните училишта во општина Аеродром ќе ја слушаат националната химна. Ваква одлука е усвоена од Советот на Општина Аеродром.
Минатата година химната на Македонија во овие училишта се интонираше само во понеделник, а иницијативата за интонирање на химната секој работен ден е на градоначалникот Ивица Kоневски.
Од локалната самоуправа објаснија дека ваквата одлука е донесена бидејќи оваа практика предизвикала воодушевување кај мнозинството од родителите и децата.
Инаку, минатата учебна година секој понеделник пред почетокот на часовите, учениците се постројуваа во дворот на училиштата и свечено се инторнираше химната на Македонија.
