Економија, финансии, бизнис

Контакт

Учениците со поддршка за професорите ја блокираа „Орце Николов“

Учениците со поддршка за професорите ја блокираа „Орце Николов“
Стотина ученици го блокираа влезот на гимназијата „Орце Николов“ во знак на поддршка на штрајкот на професорите. Во гимназијата денеска не се одржува наставата, а според учениците мала жртва е три месеци да не следат настава поради протести. „Едно тромесечие е мала жртва во однос на иднината на оние кои допрва треба да седнат во училишните клупи. Ова требаше да биде моментот каде ќе блеснеше вистинската сила на професорскиот пленум, на оние кои навистина заслужуваат стравопочит! Благодарни сме за тоа што не потклекнавте под неприкосновените наредбите на високите органи. Се влева нова надеж, во малубројниот, но сепак значаен број на професори, која дава повеќе од доволна мотивација за издвојување победа над неправдата“, се вели во отвореното писмо што пред една недела го испратија учениците до своите професори. Според учениците нивните професори се заслужни што гимназијата „Орце Николов“ е меѓу најдобрите три во Македонија и тоа јасно го покажува професорскиот кредибилитет. „Најзаслужни за нашите успеси на резултатите од државната матура и екстерното тестирање се нашите професори“, се вели во писмото.
Слично

Поврзани вести