УЧЕНИЦИ СРЕЌНО: Убав топол ден за првиот училиштен ден!
Денеска почнува новата 2015/2016 учебна година.
Бројот на првоодделенци годинава изнесува oколу 20.000 во целата држава. Освен првачињата, наставата ќе ја посетуваат вкупно 190.000 основци, а околу 81.000 е бројката на ученици во средините училишта.
Овие бројки сепак не се конечни бидејќи во некои училишта каде што има места уписот трае и денес.
Учебната година ќе стартува со старите проблеми, а и покрај многубројните протести кои ги имаше низ улиците на земјава екстерното оценување останува.
Надлежните попуштија само за државната матура, па и годинашните матуранти ќе полагаат по стариот концепт а измените на Законот за високо образование и за државната матура се одложени за септември 2016 година.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/09/01/prazni-vetuvana-za-hipodrom-nova-uchebna-godina-vo-staro-ruinirano-uchilishte/" target="blank" ]Празни ветувања за Хиподром: Нова учебна година во старо руинирано училиште![/button]
,,Одлагањето на државната матура е затоа што од декември се пријавува матурата и имавме прекраток период за промените што сакавме да ги постигнеме, затоа што ни треба во меѓупериодот и дијалог, така што има доволен простор да се вклучат сите заинтересирани страни и да се разговара со сите, да се слушнат сите мислења и да се направат темелни консултации за на крај да се донесе најсоодветното решение” – рече Груевски.
Инаку, од Средношколскиот пленум најавија дека првиот училишен ден ќе го одбележат со јавен собир во Паркот на новинари. Тие не се откажуваат од своите барања, а тоа е враќање на стариот концепт на матура и измени во екстерното тестирање.
