Ученици од „Арсени Јовков“ завршија на Токсикологија поради труење со спреј
Над 10 ученици од скопското училиште „Арсениј Јовков“ вчера завршија на Токсикологија откако се пожалиле на печење во очите и грлото и кашлање.
Само тројца од нив се задржани во градската болница „8 спетември“ додека останатите во стабилна состојба ја напуштиле болницата.
Првичните информации од МВР велат дека се работи за вдишување на спреј кој бил употребен од 2 непознати лица кои засега не се лоцирани, а според МВР по настанот се упатиле во непознат правец. Настанот се случил околу 16 часот, кога децата почувствувале печење на очите и грлото.
Додека пак според податоците од Токсикологија од направените анализи и испитувања кај децата, лекарите не успеале да утврдат кој е агенсот кој ги предизвикал симптомите и тоа веројатно ќе се дознае во текот на утрешниот ден од примероци земени од училиштето.
Во текот на денешниот ден се очекуваат повеќе информации од МВР затоа како дошло до труење на децата и кој и зошто би го направил тоа.
