Учениците од Гостивар тврдат: Труењето не беше лажна тревога!
Учениците и вработените во Средното економско училиште од Гостивар реагираат на анализите од Институтот за судска медицина, кои не покажаа присуство на отровен гас ниту друга хемиска супстанција во нивните дишни патишта.
„Бараме од институциите да го расветлат случајот, а не да го злоупотребуваат“, вели Јасмина Асани, професорка и една од хоспитализираните.
Според учениците и професорите, труењето не било лажна тревога.
Во петокот 60-тина ученици и вработени од албанските паралелки во економското училиште во Гостивар побараа лекарска помош жалејќи се на отежнато дишење, печење на очите и гребење во грлото. Испитувањата на Институтот за судска медицина и на Клиниката за токсикологија не ги потврдија нивните обвинувања дека непознат сторител се обидел да ги затруе со отровен гас.
Сепак резуллтатите од испитувањата денеска се уште не беа стигнати до гостиварскиот обвинител Ахмет Ахмеди. Тој ги слушнал новинарските извештаи за случајот, но врз нив не може да отвори истрага, па ги чека официјалните информации од институциите.
Експертите за Фактор вака го анализираа случајот во Гостивар:
Кој и зошто го организирал лажното труење во Гостивар?
Слично
