Економија, финансии, бизнис

Контакт

Учениците на протести поради екстерните тестови, политичарите си најдоа виновник

Учениците на протести поради екстерните тестови, политичарите си најдоа виновник
И ученичките протести против екстерните тестови добија политичка конотација откако  Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите ученици во основните и средните училишта низ Македонија да не потклекнуваат на провокации и повици пласирани од одредени опозициски партии. Според нив,овие политички субјекти работат со намера да ги злоупотребат малолетниците- ученици во нивната себична желба за ситен политички поен. „Лесно воочлив е фактот дека вакви манипулации со учениците се појавија доминантно во општини каде градоначалници се од опозициските партии и во училишта чии што директори и професори се истакнати членови на тие политички субјекти. Истите тие кадри извршија злоупотреба на учениците во средните и основните училишта во Куманово и Струмица преку безмилосно искористување на малолетниците- ученици и нивно ставање во заблуда за процесот и значењето на екстерното тестирање. Главна причина зошто ова е поддржано од одредени политичари е нивната себична желба да профитираат на сметка на учениците,“ стои во реакцијата на УМС. Протести низ цела Македонија Екстерното тестирање ги налути и учениците и нивните наставници. Протести против новините во образованието денеска се одржаа во Струга, Струмица, Прилеп, Кичево, Тетово. За утре е најавен голем протест и во Скопје. Оние кои излегоа на улица сметаат дека тестирањето е само дополнително оптоварување за учениците, а целиот процес е лошо поставен. Засега надлежните не попуштаат. Според планот, екстерното тестирање стартува во понеделник, а ќе го полагаат околу 200 илјади ученици од 4 одделение  до 3-та година, при што ќе се проверува работата на околу 15 илјади наставници.  
Слично

Поврзани вести