Ученичка во Белград се пожалила на болки во главата, по што паднала и починала пред училиштето
Ученичка почина пред училиште во српскиот град Белград откако ѝ се слошило.
Таа се пожалила на болки во главата, по што паднала и починала пред нејзиното основно училиште „Деспот Стефан Лазаревиќ“. Се работи за 14-годишната М. М., на која наеднаш ѝ се слошило додека со другарките тргнала кон дома. Брзата помош веднаш пристигнала, докторите по долга и неуспешна реанимација констатирале смрт. Не е позната причината за смртта. Полицијата ги проверува надзорните камери од училиштето. Учениците и луѓето кои живеат во близина се шокирани од настанот,
Foto: Srbija Danas / Saša Džambić
Слично
