Економија, финансии, бизнис

Контакт

Учебната година ќе почне со дожд

Учебната година ќе почне со дожд
Утре, на стартот на новата учебна година, нè очекува дестабилизација на временските услови, најавуваат метеоролозите. Според УХМР, од утре попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност што ќе предизвика утре кон крајот на денот и во наредните денови времето да биде пооблачно со чести и пообилни врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Најмногу врнежи се очекуваат во вторник и среда, кога на повеќе места ќе наврнат над 30 л/м2. Од вторник ќе има и позначителен пад на дневната температура.  
Слично

Поврзани вести