УБИСТВО ВО ТЕТОВСКО: Дошол со велосипед, го застрелал и избегал
Тетовчанец изврши ладнокрвно убиство во чајџилница на улицата „Љуботенска“ во тетовска Мала Речица и побегнал. Убиен е четириесет и тригодишниот Хасмир Хасани од тетовското село Лисец.
Убиството било пријавено околу 15:30 часот , а по извршениот увид бил утврден идентитетот на убиениот, а осомничен за убиството е Џ. О. со прекар Џафа од Тетово.
Според очевидците, тој во чајџилницата дошол со велосипед, со еден истрел во близина на срцето го застрелал Хасани и избегал од местото. Полицијата трага по сторителот.
Слично
